HomeДЕНЕШНАПолитикаДвојазичност – главно ветување на ДУИ

Двојазичност – главно ветување на ДУИ

dui-1200x545_c

Посебен закон за албанскиот јазик и двојазичноста се главни ветувања на ДУИ во предизборниот период. Партијата верува дека воведувањето двојазичност на цела територија и службената употреба на албанскиот јазик ќе придонесат за подобра интергазија, развој на меѓуетничките односи и на економијата.

Носителот на кандидатската листа во првата изборна единица Артан Груби рече оти ќе предложат посебен Закон за албанскиот јазик и формирање државна институција за негова афирмација и заштита.

Груби нагласи и дека во наредниот мандат неговата партија ќе иницира заедничка меѓупартиска резолуција, со која сите политички субјекти ќе се обврзат за подобрување на односите со соседните земји, вклучувајќи го тука и прашањето за името со Грција.

Во изборната програма на ДУИ се ветуваат и економски мерки за вработувања и реформи на целото судство.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети истакна дека во подготовката на нивната платформа работеле 170 лица, експерти во нивните професии.

„Имаме одговорност да ја оствариме“ – порача Ахмети.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com