Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмДвејн Џонсон гледа шанса да биде претседател по Трамп

Двејн Џонсон гледа шанса да биде претседател по Трамп

Познатиот актер од многу акциони и комедични филмови Двејн Џонсон смета дека ако сега Трамп е претседател се е возможно, па дури и тој да се кандидира на изборите во 2020-та.

– Мислам дека тоа е можно – изјавил Џонсон, кој на последните избори не гласал ниту за Доналд Трамп, ниту за Хилари Клинтон, додавајќи дека ако тој е претседател преземањето одговорност за сите би било многу важно.

Првото нешто што би го направил како претседател, Џонсон вели дека би бил разговор со сите неистомисленици. Двејн Џонсон, кој игра во новиот филм „Чувари на плажата“ чија премиера е на 25 мај, смета дека тој би бил подобар претседател на САД од Доналд Трамп.