Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаДве жени прегазени вчера – на скопски паркинг и Росоман

Две жени прегазени вчера – на скопски паркинг и Росоман

88 годишна старица вчера била удрена од товарно возило „Пежо Боксер“ на паркинг просторот на улицата „Веселин Маслеша“ во Скопје.

Во незгодата со повреди се здобила А.С. од каде со возило на Итната медицинска помош е пренесена во ГОБ „Св.Наум Охридски“, каде е задржана на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во друг случај, жена од Росоман движејќи се по регионалниот пат Велес – Градско вчера попладнето била удрена од камион. Таа се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во велешката болница, а потоа и во Ургентен центар во Скопје.

Незгодата се случила околу 16.30 часот, кога во 51-годишната С.С. удрил камион „рено“ со приколка, управуван од 61-годишен богданчанец – соопшти СВР Велес. Се работи на утврдување на деталите на несреќата.