HomeДЕНЕШНАСветДве тинејџерки уапсени во Франција поради поврзаност со ИД

Две тинејџерки уапсени во Франција поради поврзаност со ИД

Француската полиција уапси две девојки во Ница со средината на месецот под сомнение дека се поврзани со припадникот на Исламска држава, Рачид Кашим, соопшти денеска Канцеларијата на париското обвинителство. Девојките на возраст од 17 и 19 години користеле шифрирани пораки преку апликацијата Телеграм за комуникација со Кашим, кој се сомничи за учество во повеќе напади или обиди за напади во Франција.

– Девојките се поттикнувани за извршување на напади на одредени цели во знак на одмазда поради убиството на портпаролот на ИД, Абу Мухамед ал Аднан, потврди извор близок до истрагата.

Девојките признале дека размислувале да учествуваат во напад пред да ја отфрлат идејата. Француската разузнавачка служба на почетокот од септември уапси уште најмалку четири тинејџери осомничени за планирање на убиства во име на ИД. Сите осомничени тинејџери ја користеле Телеграм апликацијата за допишување со Кашим, кој според полициски информации, во моментот се наоѓа на подрачјето меѓу Сирија и Ирак.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com