Friday, Oct 20, 2017
HomeДЕНЕШНАСветДве нови држави влегуваат во безбедносниот пакт на Русија и Кина

Две нови држави влегуваат во безбедносниот пакт на Русија и Кина

Индија и Пакистан вчера започнаа постапка за придружување во безбедносната група која ја предводат Русија и Кина. Шангајската организација за соработка (SCO) присуствуваше на состанокот во Уфа, каде што се одржуваше самитот на БРИКС.

Шангајската организација го оцени повикот за придружување како раѓање на мултиполарниот свет. Со ова Путин докажува дека Москва не е изолирана и дека санкциите од западот не ја ослабуваат Русија. “BRICS Post” пренесува дека Русија станала крстосница на многу мултилатерални организации и интеграциони блокови во изградба, кои успеваат да пронајдат консензус и да дадат замав на изградбата на една заедница кој ќе биде алтернатива на ЕУ и ММФ.