Sunday, Sep 24, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаДве неексплодирани гранати пронајдени во Битолско

Две неексплодирани гранати пронајдени во Битолско

Во битолските села Могила и Трап се пронајдени две неексплодирани артилериски гранати калибар 75 милиметри од Првата светска војна.

МВР денеска соопшти дека едната граната е прионајдена на 21.07.2015 година во 20 часот во битолското село Могила во дворот од куќата сопственост на Н.Ш. при изведување градежни работи и е подигната за понатамошна постапка. Втората артилериска граната е пронајдена вчера во 07,00 часот во битолското село Трап на м.в.„Корија“ во нива сопственост на О.В. и исто така е подигната за понатамошна постапка.