Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаДве лица загинати во сообраќајна несреќа на патот Тетово – село Пирок

Две лица загинати во сообраќајна несреќа на патот Тетово – село Пирок

Денеска во 4 часот наутро се случила тешка сообраќајна несреќа во близина на Тетово во која загинале две момчиња на возраст од околу 20 години.

Според првичните информации од тетовската полиција, автомобил со марка „МБВ“ со тетовски регистарски таблички ја изгубил контролата и се превртел на кров, при што две лица на возраст од 20 и 22 години починале на самото место,а другите две се здобиле со тешки повреди.

Од МВР се уште ги потврдуваат информациите и истрагата е во тек.