Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеДве лица украле 200.000 денари од обложувалница во Топаанско Поле

Две лица украле 200.000 денари од обложувалница во Топаанско Поле

Вчера попладне во скопската населба Топаанско Поле била ограбена спортска обложувалница од страна на двајца маскирани разбојници, каде ограбувачите „здиплиле“ околу 200 илјади денари.

Од СВР Скопје соопштуваат дека грабежот се случил околу 16.30 часот во обложувалницата „Златна копачка“ на улицата „Лазо Трповски“. Разбојниците со огнено оружје се заканиле на двајцата вработени, по што биле принудени да ја испразнат касата, а маскираните лица веднаш го напуштиле местото. Полицијата работи на утврдување на идентитетот на ограбувачите и целосно расчистување на случајот.