Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаДве лица тешко повредени во сообраќајка кај Лагадин

Две лица тешко повредени во сообраќајка кај Лагадин

Две лица се тешко повредени во сообраќајната несреќа што се случи денеска околу 15 часот на магистралниот патен правец Охрид-Свети Наум, кај населбата Лагадин, јави дописникот на МИА.

Несреќата се случила при директен судар на патничко моторно возило и моторцикл, при што тешко се повредени двете лица кои се превезувале на моторот. Повредените лица се згрижени во Општата болница во Охрид. Увид на местото на несреќата изврши полицијата. За време на увидот сообраќајот на овој патен правец беше во прекин.