Tuesday, Jul 25, 2017
HomeДЕНЕШНАСкопјеДве лица од Кавадарци украле мајмун од Зоолошката градина во Скопје

Две лица од Кавадарци украле мајмун од Зоолошката градина во Скопје

Двајца жители од Кавадарци синоќа украле мајмун од Зоолошката градина во Скопје, потврди денеска полицијата.

– Вчера во 17:30 часот е поднесена пријава дека двајца посетители во Зоолошката градина во Скопје украле мајмун. Со употреба на погоден алат пресекле делови од челични жици од мрежестата ограда од челична плетена мрежа и низ отворот го украле младото животно мајмун од видот павијан. Го ставиле во вреќа и најверојатно прескокнувајќи ја задната капија на Зоолошката, избегале со такси, рече Лиза Бендевска, портпарол во МВР.

Двете лица биле приведени околу 21 часот во Кавадарци. Одземено им е мајмунчето, по што се пуштени на слобода

По расчистување на случајот против нив ќе следува кривична пријава.