Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДве лица изгубени на Бистра – полицијата се обидува да ги лоцира

Две лица изгубени на Бистра – полицијата се обидува да ги лоцира

Две лица побарале помош од полицијата откако не можеле да се вратат по прошетката до врвот Меденица на планината Бистра. Тие по телефон за помош се обратиле во полициското одделение Ростуше од каде во моментов се обидуваат да ги лоцираат.

Според првичните информации се работи за лица од Скопје на возраст од 35 и 29 години. Во телефонскиот разговор со полициските службеници тие кажале дека се истоштени и дека немаат храна и не се опремени. Од СВР Тетово информираат дека се прават напори лицата да бидат лоцирани и безбедно згрижени.