Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионДве лица исчезнати во големи поплави во Албанија

Две лица исчезнати во големи поплави во Албанија

Две лица се сметаат за исчезнати во големите поплави кои денеска ја зафатија Албанија. Албанските власти соопштија дека неколку села се целосно поплавени, додека поплави има и во повеќе поголеми градови од земјата – пренесува Макфакс.

Автопатот Тирана – Драч е поплавен целосно, а бродовите кои пловат од Драч кон Италија беа заглавени на драчкото пристаниште повеќе од 5 часа. Во албанската престолнина Тирана неколку населби се целосно поплавени, а најтешка е состојбата во населбата Баторе.

Од силниот ветер и дожд оштетени се повеќе автомобили во градовите ширум земјата. Големи одрони од земја и камен се регистрирани и на патниот правец Тирана – Бурел, кој го користат оние што патуваат и кон граничнииот премин Блато на македонско–албанската граница.