HomeДЕНЕШНАРепубликаДве и пол годишно дете починало по рутинска операција на кила, родителите се сомневаат во пропуст

Две и пол годишно дете починало по рутинска операција на кила, родителите се сомневаат во пропуст

klinika20142142259

Дете на две ипол годишна возраст од Жировница починало на клиниката за детска хирургија на крајот на минатиот месец. Родителите се сомневаат дека бил направен пропуст во лекувањето, поврзан со анестезија поради што по операцијата состојбата му се влошила и детето завршило фатално.

Од Клиниката за детска хирургија велат дека детето ја добило целата потребна грижа, но причината за смртта не може да биде утврдена затоа што родителите одбиле да се направи обдукција. Сепак била формирана комисија која треба уште еднаш да го прегледа детално случајот и во текот на следната недела да достави извештај. Мајката за 24 Вести вели дека ги информирала лекарите дека детето имало температура, но и покрај тоа било пратено на анестезиолошки преглед.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com