Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДве години од референдумот за Преспанскиот договор: пратениците на Левица ја честитаа неуспешноста преку селфи

Две години од референдумот за Преспанскиот договор: пратениците на Левица ја честитаа неуспешноста преку селфи

 

Пратеникот на  Левица, од изборната единица 3, Борислав Крмов, со селфи фотографија со својот колега и фронтмен на истата партија Димитар Апасиев, потсети на двегодишнината од референдумот за прифаќање на Преспанскиот договор ( промена на уставното име за влез во НАТО и отпочнување на преговорите со Европската Унија). Тој на ФБ напиша:

„Две години од БОЈКОТОТ на срамниот референдум кога овој народ одби да се самоукине! Сега освен на улица отпорот против „северна“ почна да ‘рти и во Собрание!“

Референдумот од 30.септември 2018-та година, официјално од Државната изборна комисија беше прогласен за неуспешен, бидејќи не беше постигнат потребниот цензус на излезеност на запишаните избирачи во единствениот избирачки список, во 50% + 1, односно немаше мнозинство излезени гласачи. Потоа, преку создавање на 2/3 парламентарно мнозинство, новото име Република Северна Македонија, беше изгласано во Собранието, и Македонија го започна ратификацискиот процес за членство во НАТО алијансата. Од оваа година, нашата земја е 30-та полноправна земја членка на најмоќната воено-политича организација во светот.