HomeДЕНЕШНАПолитикаДве години од масовните студентски протести – Слободната мисла се разбуди

Две години од масовните студентски протести – Слободната мисла се разбуди

studenti-protesti1

Учесниците на масовните студентски протести се потсетуваат на настаните од пред две години кога младите граѓани го кренаа својот глас против неправдите и лошите политики на државата која не ги земаше во предвид нивните барања за уредување на законот за високото образование. Овој револт кој беше изразен со мирни, но масовни протести беше знак за будењето на студентите, но и на сите критички настроени граѓани.

studenti-protesti

„Овој ден за мене има и лично подлабоко значење. На овој ден пред 2 години ја донесов одлуката дека нема да бидам само „обичен“ граѓанин, само „обичен“ критичар на социјалните мрежи. Одлучив да бидам активен граѓанин. Се надевам дека и вие сте имале ваков „ден на будење“ до сега. Повеќе од било кога, на Македонија и требаат свесни и будни граѓани. Спремни за демократска борба за повторно народно ослободување. Не беше лесно, нема ниту да стане полесно во скоро време. Но, тоа е добро и така треба да биде. Ќе биде полошо, пред да стане подобро“, посочи студентскиот активист Дамијан Хаџи-Ангелов на својот Фејсбук профил.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com