Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеДве деца пријавени за исчезнати од Домот „25 Мај“

Две деца пријавени за исчезнати од Домот „25 Мај“

Двајца штитеници на Домот за деца со воспитно-социјални проблеми „25 Мај“ на возраст од 11 и 14 години се пријавени за исчезнати.

Вчера во полициската станица- Чаир Е.П.(32), социјален работник во Домот „25-ти Мај“ пријавила дека на 25 октомври од домот во непознат правец се оддалечиле двајца штитеници на возраст од 14 и 11 години.

Како што соопшти денеска МВР, се превземаат мерки за пронаоѓање на лицата.