Thursday, Dec 14, 2017
HomeДЕНЕШНАСкопјеДве деца нападнати од средношколци пред НБРМ

Две деца нападнати од средношколци пред НБРМ

Група од 15-ина средношколци физички ги нападнале И.Ј.(2000) и З.Е.(1999) на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ на автобуска станица пред Народна банка.
Настанот се случил синоќа околу 20 часот, каде средношколците по физичкиот напад избегале и се качиле во автобус со број 55.

Од МВР информираат дека автобусот е стопиран на последна 44-ка и лицата се приведени во полициската станица Гази Баба. Повредените, пак, веднаш се пренесени во Ургентниот центрар Скопје, каде им се констатирани повреди во пределот на главата и телото“.