Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАСветДванаесетгодишно девојче изврши бомбашки напад во Нигерија – 10 мртви и 30 ранети

Дванаесетгодишно девојче изврши бомбашки напад во Нигерија – 10 мртви и 30 ранети

Десет лица загинаа, а триесет се ранети на пазар на североистокот на Нигерија кога 12-годишно девојче активирало експлозив, изјавија сведоци и припандик на спасувачките екипи. Нападот се случи вчера во Гујби, во државата Јобе, околу пладне по средноевропско време.
nigerija
„Овој бомбашки напад го изведе девојче од дванаесет години“, рече за AFP Хусаини Аисани, чие дете е меѓу 30-те ранети во нападот. „Влезе на пазарот и се упати кон делот во кој се продаваат житарки. Го активираше експлозивот додека околу неа имаше трговци и муштерии“, рече очевидецот.

Претходно во понеделникот во сличен бомбашки напад на млада девојка на автобуска станица на североистокот на Нигерија, загинаа 20, а најмалку 50 лица беа повредени. Никој не ја презеде одговорноста за овие два напади. Исламската група Боко Храм е одговорна за над 15.000 мртви од 2009 година и неретко мета на напади и се автобуски станици и пазари и често врбува многу млади бомбаши самоубици.