Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионДвајца вооружени Британци уапсени во Грција

Двајца вооружени Британци уапсени во Грција

Грчките власти денеска соопштија дека во близна на границата со Турција уапсиле двајца британски државјани со ирачко потекло, кои со себе носеле тешко оружје. Претставник на грчката полиција, за грчките медиуми изјави дека двајцата мажи, на возраст меѓу 20 и 30 години, биле уапсени синоќа во близна на грчкиот пристанишен град Александрополис.

Упасените, кои се родени во Ирак, но имале британски патни исправи, патувале со кампинг-возило, во кое биле пронајдени „над 10 огнени оружја и повеќе од 20.000 куршуми“. Аномимниот полициски претставник соопшти дека имињата на уапсените не фигурурале на ниту една листа на осомничени терористи или криминалци.