Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионДвајца војници на БиХ убиени, а еден повреден во вооружена престрелка

Двајца војници на БиХ убиени, а еден повреден во вооружена престрелка

Двајца војници на Босна и Херцеговина се убиени во Рајловац, Сараево, а еден војник е повреден во престрелка која ја отворил вооружен напаѓач – пишува кликс.ба

Овој случај бил пријавен во полиција, во 19:35 Часот. Пукањето се случило на улицата Сафет Зајко број 240 во кладилница и веднаш била испратена полициска патрола. На терен била повикан и брза помош, чии припадници се упатиле кон местото на настанот.
saraevo1
На излегување од кладилницата, вооружениот напаѓач почнал да пука во автобус кој се наоѓал во близина, но се уште нема информации за повеќе повредени. Напаѓачот се наоѓа во бегство.