Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионДвајца уапсени во Нови Сад во автомобил полн со експлозив наменет за Франција

Двајца уапсени во Нови Сад во автомобил полн со експлозив наменет за Франција

Две лица се уапсени во акција на српската полиција во Нови Сад. Во нивниот автомобил биле пронајдени три килограми експлозив, неколку пушки и поголема количина муниција. Како што изјави министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, пресечен е голем синџир на шверц со оружје кон Франција.

Акцијата е спроведена по повеќемесечна оперативна работа.
„За време на апсењето во автомобилот запленивме два пушкомитралези, нешто повеќе од три килограми експлозив, два автомати и поголема количина муниција“, прецизира Стефановиќ.

На фотографиите може да се види како двајца мажи лежат на сообраќајницата окружени со полицајци со долги цевки. Според зборовите на сведоците, полициските сирени се слушале по целиот булевар, а полициската акција траела повеќе од половина час.