Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионДвајца сириски новинари заклани во Турција

Двајца сириски новинари заклани во Турција

Двајца сириски новинари се пронајдени заклани во турскиот округ Шанлурфа, на границата со Сирија, објави електронското издание на турскиот весник „Хуриет“.

Убиствата се извршени со ловечки нож од типот Рамбо, а новинарите се пресечени во пределот на грлото. Полицијата спроведува операција за пронаоѓање на сторителите. Досега се приведени седуммина Сиријци.