Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаДвајца работници повредени при гаснење на пожарот во ЕВН

Двајца работници повредени при гаснење на пожарот во ЕВН

Двајца работници се здобиле со изгореници од трет степен при гаснењето на пожарот којшто избувна во вчера во објектот на ЕВН. Двајцата работници на возраст од 35 и 31 година, веднаш биле пренесени во Градската болница „Свети Наум Охридски“ во Скопје. По укажаната лекарска помош двајцата се пуштени на домашно лекување.

Според официјалните информации, при изработка на фасадата ан ЕВН избувнал пожар во кој бил опожарен изолациониот материјал и заштитната мрежа (надворешно) околу 10 катови. Од страна на БППЗ пожарот бил локализиран. Причините за пожарот официјално се уште се утврдуваат, а според генералниот директор на ЕВН, Штефан Петер најверојатна причина за пожарот, бил огнот од апарати за заварување.