Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаДвајца полицајци во притвор за примање поткуп

Двајца полицајци во притвор за примање поткуп

Двајца полицајци заработија кривична пријава за примање поткуп. Имено на 1 јули околу 19 часот во својство на службени лица полицаец и инспектор за општ криминалитет, првоосомничениот преку второосомничениот индиректно побарал подарок за да изврши службено дејствие.

Полицаецот побарал подарок од 450 евра за 30 сириски државјани со што ги прекршил одредбите од Измените и дополнувањата за Законот за азил и привремена заштита за бесплатно издавање на Потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на секој мигрант поединечно.
mito
Второосомничениот преку друго лице се договорил со двајца сиријски државјани да ги донесат 30-те грчки документи согласно кои се пополнува Потврдата за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил и при доставување на потврдите да го земат побараниот износ. При предавањето биле фатени на дело на Железнички премин Гевгелија

Судијата донесе Решение со кое на осомничените им определи куќен притвор во траење од 8 дена, како и мерка на претпазливост – Привремено одземање на патните исправи. Основното јавно обвинителство – Гевгелија продолжува со истражната постапка. До завршување на постапката сириските државјани ќе бидат сместени во Центарот за странци во Скопје.