Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаДвајца ловџии повредени во ловџиски несреќи

Двајца ловџии повредени во ловџиски несреќи

Вчера на две различни локации се повредија двајца ловџии.

Околу 16,00 часот на планинскиот дел над с.Боиште-демир хисарско, М.Д.(35) носејќи ловџиска пушка која ја поседувал дозвола испукал еден патрон при што го погодил во пределот на грбот В.А. (21). Истиот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на итна медицинска помош пренесен во болницата во Битола, а поради сериозноста на повредите истиот е препратен во Ургентниот Центар-Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.

Вчераутро околу 08.30 часот на планината Китка во близина на с.Алдинци, при лов, со огнено оружје-ловечка пушка која ја поседувал со дозвола се самоповредил Д.Б.(62) по што истиот бил пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош и му била констатирана тешка телесна повреда во пределот на прстот-показалец на десна рака.