Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДвајца директори на училишта во Прилеп заработија кривични за злоупотреба на малолетници во политички цели

Двајца директори на училишта во Прилеп заработија кривични за злоупотреба на малолетници во политички цели

Директорот на гимназијата „Мирче Ацев” во Прилеп, Кире Николовски заработи уште една кривична пријава за политичкиот говор што им го држеше на учениците, повикувајќи ги да излезат на протест против албанската платформа. Пријавата ја поднел родител на еден од учениците, барајќи одговорност за злоупотреба на децата за политички цели. Претходно, пријава поднесоа од СДСМ – Прилеп против двајца директори на училишта. И директорот Жарко Темелковски заработи кривична за истото дело.

Од Министерството за образование се уште не одлучиле дали ќе се преземат дисциплински мерки против директорот Николовски.

Вчера родителите на децата протестираа во школскиот двор и побараа оставка и одговорност, но директорот Николовски рече дека не се чувствува одговорен. Остри реакции имаше и од граѓанскиот сектор и од Народниот правобранител кои ја осудија постапката на директорот и од институциите побараа да се преземат сите потребни мерки.