Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионДвајца Албанци уапсени во Црна Гора – со себе носеле хероин вреден два милиони евра

Двајца Албанци уапсени во Црна Гора – со себе носеле хероин вреден два милиони евра

Полицијата на Црна Гора уапсила двајца албански државјани, кои со 28 килограми хероин во нивниот автомобил сакале да поминат на граничниот премин на црногорско-хрватската граница, кај Дубровник. Емилан Арифи и Анди Матани се уапсените а се на возраст од 36 односно 29 години. Хероинот бил добро складиран во просторот кај моторот на автомобилот, кој имал албански национални ознаки. Според пресметките на полицијата вредноста на дрогата на нарко пазарот достигнува вредност од два милиони евра.

Инаку, ова е рекорна количина на овој вид дрога која за прв пат е запленета од црногорската полиција.