HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаДваесетгодишна Македонка во Австралија осомничена за убиство на својата мајка

Дваесетгодишна Македонка во Австралија осомничена за убиство на својата мајка

police-australija

Дваесетгодишната студентка во Бризбејн, Симона Зафировска, е обвинета за убиство откако нејзината мајка Радица (56) е пронајдена мртва, пренесоа австралиските медиуми.

Полицијата телото на Радица го пронашла на вториот кат од семејната куќа и соопштуваат дека раните биле страшни. Убиството било извршено со тапи предмети.

Мотивите за убиството се уште не се познати а, дваесетгодишната Симона која има македонско потекло ќе биде изнесена пред суд.

Според австралиските медиуми, Радица и Симона важеле за мирни соседи и никогаш немале проблеми со нив.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com