Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДваесет годишни момчиња од Македонски Брод со фалсификат банкноти си ја платите сметката во кафуле

Дваесет годишни момчиња од Македонски Брод со фалсификат банкноти си ја платите сметката во кафуле

Полицијата од Македонски Брод поднесе пријава против две момчиња од 20 години поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“

pari

Пријавените на 16.овој месец во домот на првопријавениот изработиле 10 (десет) лажни банкноти во апоени од по 1000 денари и 58 лажни банкноти во апоени од по 500 денари. Во 23.00 часот истиот ден момчињата употребиле една од фалсификуваните банкноти во апоени од 1000 денари за да ја платат сметката во кафе барот. Еден час подоцна повторно искоритиле лажна банкнота од 1000 денари.

Наредниот ден, на 17.февруари, сопствениците на угостителските објекти, при внесување на промет во банка во Македонски Брод, забележале дека банкнотите се лажни, по што двата настани се пријавени во ПС ОН-Македонски Брод. На 18.02.2016 година пријавените се приведени и задржани во ПС-ОН-Македонски Брод каде што го признаваат делото. Извршен е и претрес во домовите на дваесет годишните момчиња каде се пронајдени се  и направите со кои тие ги фалсфикувале банкнотите, нои уште лажни пари од по 500 денари.