HomeДЕНЕШНАРегионДвајца мигранти во Србија се обиделе да силуваат малолетно девојче

Двајца мигранти во Србија се обиделе да силуваат малолетно девојче

Двајца Пакистанци, сместени во Прифатниот центар во Суботица, во понеделникот на пат нападнале малолетничка и се обиделе да ја силуваат. Во тој момент наишол минувач и ги спречил во намерата.

Полицијата брзо ги пронашла осомничените и им одредила мерка задржување. Против мигрантите поднесена е кривична пријава поради недозволени полови дејствија кои останале во обид и тие во текот на утрешниот ден ќе бидат сослушани во Основното јавно обвинителство.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com