Tuesday, Oct 17, 2017
HomeДЕНЕШНАРегионДва тона од дрогата на џихадистите запленета во Турција

Два тона од дрогата на џихадистите запленета во Турција

Турските власти запленија речиси 11 милијарди пилули од синтетичката дрога Каптагон за која се верува дека се користи многу од борците во граѓанската војна во Сирија, јави Анадолија. Под дејство на оваа дрога џихадистите ги вршат најсуровите убиства, мачења и силувања.

Товарот, тежок речиси два тона, го конфискувала полицијата во две одвоени акции во регионот Хатај на границата со Сирија во текот на оваа недела. Каптагон, синтетички стимулант на база на фенетилин е исклучително популарна дрога на Блискиот исток, а се произведува во Сирија.