HomeДЕНЕШНАСветДутерте: Хитлер уби три милиони евреи, а јас три милиони наркомани

Дутерте: Хитлер уби три милиони евреи, а јас три милиони наркомани

Додека Хилеровите жртви беа невини луѓе, филипинскиот претседател тврди дека негова цел е да ја „излечи“ својата земја со убивање на наркомани. Филипинскиот претседател Родриго Дутерте ја засили антикриминалната реторика со споредување на масакрот на Хитлер над милиони Евреи со својата амбиција која би го „направила среќен доколку успее да убие три милиони зависници“.

Дутерте тоа го изјави по враќањето од Виетнам, каде разговараше со тамошните лидери околу начини за борба на спречување на трговија со наркотици. „Хитлер уби три милиони Евреи, а ние имаме три милиони наркомани. Ќе бидам среќен доколку ги убијам сите“, изјави Дутерте повикувајќи се на проценката на филипинската влада околу бројот на препродавачи и конзуматори на наркотици на Филипините.

Дутерте вели дека неговите јавни закани служат како закана до дилерите на дрога и смета дека на тој начин ќе ги наведе да прекинат да се занимаваат со тоа и дека ќе ги обесхрабри потенцијалните корисници.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com