Saturday, Apr 20, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмДушко Долгоушко слави 75 години

Душко Долгоушко слави 75 години

Најпознатиот зајак од цртаните филмови Душко Долгоушко(барем така беше наречен на овие простори) прославува 75 години од првото појавување во кино салите во Америка, а подоцна и пред ТВ екраните ширум светот. Ликот создаден од Леон Шлајзингер и неговиот тим се појави за прв пат во анимираните филмови на Looney Tunes спроти ловецот Елмо кој постојано го надмудруваше.

Набрзо Bugs Bunny стана икона на овие цртани и главен лик со легендарната реплика „Eh… Whats up doc“. Со него пораснаа многу генерации на деца, а на Warner Bros им донесе повеќе Оскари.