Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионДушан Вујовиќ привремен министер за одбрана на Србија

Душан Вујовиќ привремен министер за одбрана на Србија

Српскиот премиер Александар Вучиќ го овласти министерот за финансии Душан Вујовиќ да ја врши должноста на министер за одбрана до изборот на нов министер.

Вучиќ претходно во текот на денот го потпиша предлогот за разрешување на министерот за одбрана Братислав Гашиќ и го упати до Парламентот, потврдено е од неговиот кабинет. Се очекува тоа да биде една од темите на вонредното заседание на Парламентот, кое е закажано за во понеделник.