Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДурловски го отпеа своето – Повеќе не ги организира „За заедничка Македонија“

Дурловски го отпеа своето – Повеќе не ги организира „За заедничка Македонија“

Директорот на МОБ, Игор Дурловски, се повлече од организаторите на иницијативата „За заедничка Македонија“, но вели дека ќе ја дава својата поддршка согласно своите убедувања.

„Шеесет дена мирни, достоинствени протести со дел од моите сонародници и многу сум горд поради тоа. Верував дека со моето делување ќе можам нешто да променам, дека ќе успееме да ја зачуваме Македонија таква каква што ја знаеме – унитарна!

Жал ми е што индиректно бев дел од насилството кое неколку пати јавно го осудив. Стотиците закани не ме уплашија, но тоа што ме скрши е што дел од моите сограѓани брутално ме напаѓаа поради разликите во ставовите за иднината на Македонија. Тие што ме познаваат знаат дека моите намери се чесни и од срце. Само времето може да покаже дали биле правилни.

На И4 им посакувам истрајност и разумно делување, редовно ќе бидам меѓу нив на улица, но пред се својата поддршка за Македонија понатаму ќе ја остварувам како организатор на сопствените морални убедувања и професионално делување. Народот добро знае за што се залага и без мене како еден од нивните организатори. Народот не може никој да го контролира. Јас сум нераскинлив дел од мојот народ кому е потребно вистинско лидерство во овој момент. Да живее Македонија! “, напиша Дурловски на својот профил на Фејсбук синоќа.