Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДурловски го подигна орденот од Иванов за МОБ

Дурловски го подигна орденот од Иванов за МОБ

Игор Дурловски, директорот на Македонската опера и балет, го подигна орденот за заслуги доделен од претседателот Ѓорѓе Иванов кој е наменет за оваа македонска културна институциија.

„Орденот се доделува по повод 70 години од основањето на Македонската опера и балет, а особено за успешното презентирање и промовирање на македонското и на светското творештво од областа на оперската и на балетската уметност, со што даде исклучителен придонес за збогатување на македонските културни вредности и за афирмација на Република Македонија во светот, пишува во објавата на официјалната Фејсбук страна на претседателот Ѓорѓе Иванов“.

Дурловски изминатиот период беше еден од главните предводници на протестите на „За заедничка Македонија“ за по избивањето на насилните напади во Собранието да се повлече од организацијата иако и натаму им дава поддршка.