HomeДЕНЕШНАРепубликаДуриќ: Во армијата се тренира партиска дисциплина

Дуриќ: Во армијата се тренира партиска дисциплина

20161115083202

По првото судско рочиште по тужбата од подофицерката Јасмина Дуриќ до Министерството за одбрана, во изјава за Позитив.мк таа вели дека голем дел од вработените во АРМ и МО трпат притисоци. Ригорозната мерка – отказ, која таа ја добила вели дека е поради тоа што јавно го искажала својот став, но додава дека не жали за тоа.

„Одредени претпоставени ја злоупотребуваат својата положба и тренираат дисциплина, за жал партиска. Низ лични разговори, исто и низ мое лично искуство многу личности кои не се никаков одлучуваки фактор во Армијата или Министерството добиле прераспределба врз основа на тоа дека се политички неистомисленици. Јас не сум несреќна, бидејќи слободата за мене е поважна од ограничувањето јавно да го искажам својот став“ – вели Дуриќ.

Судскиот спор, Дуриќ, го покренала бидејќи смета дека нејзиниот отказ е спротивен на Законот на служба во АРМ и Уставот и вели дека зад тоа стои партиска наредба.

„Поради тоа сум решена да одам до крај. Доколку тоа е судот во Стразбур, до таму сум спремна да одам заради тоа што мислам дека неправедно ја добив прекомандата и отказот. Меѓутоа доколку по изборите повторно остане оваа власт, не се надевам на правна разврска“ – додава таа.

За време на протестите на Шарената револуција, Дуриќ на својот фејсбук профил објави дека добила прекоманда во Кичево и, како што тогаш напиша, причината за тоа било нејзиното учество на протести. Таа беше беше референт за логистика во Одделението за односи со јавност во Министерството за одбрана, а оттаму добила прекоманда како ракувач во Кујната во касарната во Кичево. По неколку месеци и ја блокирале електронската картичка за влез и излез во воени простории, телефонскиот број, а не и било одобрено барањето за годишен ниту за неплатен одмор.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com