Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДУИ стои зад секоја законска одлука на Специјалното јавно обвинителство

ДУИ стои зад секоја законска одлука на Специјалното јавно обвинителство

Голема поддршка од страна на ДУИ за работата на Специјалното Јавно обвинителство, изјави потпретседателот на партијата Беким Незири од Струга. Го доби прашањето и за тоа кој е ставот на ДУИ за евентуалното процесуирање на случајот Маѓар Телеком. Специјалното обвинитeлство доби поддршка и одобрение од ДУИ.

Беким Незири кој е потпретседател на ДУИ вели: „ Ја користам приликата да апелирам до Специјалното обвинителство да работи во согласност со законите во Република Македонија. Исто така апелирам до сите политички партии во Македонија без разлика дали се македонски или албански политички субјекти, да не ја искористуваат работата на Специјалното обвинителство за дневно политички настани. Ние стоиме зад секоја одлука која ќе биде донесена согласно со законите во Република Македонија на Специјалното обвинителство“.

Исто така додаде и дека секој случај кој ќе го покрене Специјалното обвинителство, базиран врз аргументи и факти, ќе биде поддржано од истите.