Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДУИ си предложи нови министри и заменици, коалицијата навидум стабилна

ДУИ си предложи нови министри и заменици, коалицијата навидум стабилна

ДУИ се обидува да ја стиши бучавата откако ненадејно реши да ги повлече актуелните функционери во Владата, за само ден потоа лидерот Ахмети со целосна доверба од партијата да назначи нови министри и заменици. Исходот барем за јавноста е дека нема никакви проблеми во владината коалиција и засега нема никакви посебни потреси, освен обновување на кадарот кој „вечно“ бил на позиција.

Новите имиња се релативно непознати и немаат тежок политички бекграунд зад себе што е обид ДУИ да се претстави како реформаторска партија во која секој може да добие шанса. Освен официјалните ставови на ДУИ и ВМРО се друго може да биде предмет само на шпекулација и теорија (бомби, недоверби, судири на кланови и итн.). Новите министри и заменици по предлог на ДУИ најверојатно ќе бидат изгласани од мнозинството откако Собранието ќе ги верифукува оставките на претходната гарнитура. Новите имиња се следни:

Фестим Халили – вицепремиер за спроведување на Рамковниот договор;
Арбен Адеми – вицепремиер за евроинтеграции;
Валдет Џафери – министер за правда;
Пиштар Љутфиу – министер за образование и наука;
Дритон Кучи – министер за економија;
Башким Ахмети – министер за животна средина;
Шухрете Елези – министерка за локална самоуправа;
Арлинд Зекири – министер без ресор, одговорен за привлекување за странски инвестиции;
Агим Нухиу – заменик-министер за внатрешни работи;
Фатон Положани – заменик во транспорт и врски;
Гзим Беадини – заменик-министер за финансии и
Беким Максути – заменик-министер за одбрана.