Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДУИ не прифаќа активна регистрација – Да не се оспорува правото на глас

ДУИ не прифаќа активна регистрација – Да не се оспорува правото на глас

Али Ахмети лидерот на владејачката албанска партија ДУИ потенцираше дека предложената активна регистрација е тешко изводлива и доколку дојде до наложување за саморегстрација не смее потоа да се негира правото на глас на лицата кои нема да успеаат да се запишат во избирачкиот список, што на директен начин е штитење и на албанскиот електорат во Македонија.

ahmeti izboren zakonik

„Избирачкиот список треба да биде исчистен на транспарентен начин, со набљудување на политичките партии и на меѓународната заедница, преку административна споредба на сите постоечки бази на податоци во институциите во земјата како и сите проверки на терен“, рече Ахмети.

На разговорите за промена на избирачкиот систем беа присустни претставници на ОБСЕ-ОДИХР и ДУИ се заложи за примена на отворени листи и дека избирачкиот список треба да биде прочитестен на транспарентен и фер начин.