HomeДЕНЕШНАПолитикаДУИ на изборите ќе лови гласови од дијаспората, а сигурна на победа на „домашен“ терен

ДУИ на изборите ќе лови гласови од дијаспората, а сигурна на победа на „домашен“ терен

dui stab

ДУИ даде насоки на своите активсти да ги започнат предизборните активности и во седиштето во Мала Речица го одржаа првиот партиски состанок во пресрет на изборите на кои очекуваат да освојат најмногу гласови од албанскиот блок и со тоа повторно да влезат во новата влада.

dui-izbori

– Апсолутно демократско право е дека треба да се почитува гласот на граѓаните на Македонија, и ние остануваме на тој курс, дека секогаш гласот на народот е тој што треба да се престави во Собрание или во кои било други институции – изјави Беким Незири шефот на изборниот штаб на ДУИ.

Програмата за изборите ќе биде усвоена во наредниот период кога ќе започне и изборната кампања, а ДУИ ќе се насочи и кон гласачите во дијаспората од кои очекува голема поддршка.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com