Tuesday, Feb 25, 2020
HomeДЕНЕШНАПолитикаДУИ и ДПА ќе соработуваат за спроведување на Договорот од Пржино

ДУИ и ДПА ќе соработуваат за спроведување на Договорот од Пржино

ahmeti taci

Лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи имаа средба. Се договориле да бидат конструктивна позиција и опозиција, да соработуваат за спроведување на Пржинскиот договор и за исполнување на стратешките цели на Македонија, членството во Европската унија и во НАТО.

Пржинскиот договор и неговото спроведување е многу важен фактор во државата и сигурно во Собранието ќе биде многу важно опозицијата да биде конструктивна во неговото спроведување. За некои работи мора да се гласа- за реформите во судството, за ЕУ, за НАТО. Пржинскиот договор без опозиција не може да се реализира. Ваквата соработка треба да ја има и во македонскиот политички блок, изјави Ахмети.

Лидерот на ДПА, Тачи, изјави дека поддршката која неговата партија ја дава за ДУИ е бланко поддршка, бидејќи сакаат што поскоро земјата да биде дел од НАТО и ЕУ, а тоа без спроведување на пржинскиот договор не е можно. Нагласи дека не значи ако ги изгубиле изборите, не треба да бидат конструктивни.