Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДУИ бара да не се гради крст – ВМРО и СДСМ си ја префрлуваат вината за претепувањето на Петров

ДУИ бара да не се гради крст – ВМРО и СДСМ си ја префрлуваат вината за претепувањето на Петров

Иницијаторот и инвеститорот на Крстот во скопски Бутел Тодор Петров заврши на неврологија со потрес на мозокот и помали модринки по телото откако го претепаа насилници по осветувањето на Крстот во Бутел. Од полицијата доцна вечерва соопштија дека напаѓачите се познати, но се уште се работи на комплетирање на истрагата.

Раководство на ДУИ останува на вчерашниот став дека одлуката за поставувањето на крстот е нелегална и провокативна. За ова денеска за ТВ 21 зборуваше и Артан Груби, кој смета дека со крстот се загрозува соживотот во земјата и рече дека членовите на ДУИ во општината ќе се обидат да спречат комплетирање на крстот.

„Ќе ги испробаме сите демократски мерки за да се спречи изградбата на крстот, вклучувајќи можеби и референдум на гласачите во општина Бутел, претставки до институциите, до судовите… врз основа на тоа што ваквата одлука е нефер и оди во спротивност со соживотот во Скопје“, рече Груби од ДУИ.

Двете најолеми македонски партии си ја префрлаат вината. ВМРО-ДПМНЕ го осуди нападот врз Петров и прстот го впери кон министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, со констатација дека МВР под негова контрала е нем соучесник во ваквото сценарио, зашто се разрешени професионални кадри, вклучувајќи го и началникот на СВР-Скопје.

Додека од СДСМ реагираат: „Самиот факт што поставувачи на објектите се градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, двете коалициски партии што со години се во власта, кажува кои се организаторите на инцидентите. Со ваквиот неодговорен однос, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ прават штета на Република Македонија. Граѓаните се обединети во борбата против корупцијата, криминалот, обединети се во желбата за промени, за враќање на слободата, демократијата и европските вредности во Република Македонија.“