Saturday, Apr 20, 2024
HomeАНТИСТРЕСПатувањеДубаи -центар на луксузот и хармонијата, необичното и традиционалното

Дубаи -центар на луксузот и хармонијата, необичното и традиционалното

13092273_575244369321322_1748795844_n

Дубаи e успешен град и туристича дестинација со преку 10 милиони посетители годишно. Тука можете да јадете во едни од најдобрите светски ресторани, да правите шопинг во најексклузивни бутици и да се вклучите во најразлични активности и да видите прекрасни атракции.

13099139_223616554689058_2074775272_n

Во Дубаи голем дел од парите заработени од нафтената економија е вложен токму во промоција на неговиот туризам.

Дубаи ја има и една од најубавите светски плажи (Jumeirah) на која има фантастични летувалишта. Хотелите на плажите се вистинско доживување, нудат висок квалитет и сјајни услуги.

13102546_1125723967478862_1340724214_n

Она по што најмногу ќе го паметите Дубаи доколку еднаш го посетите се познатите острови со палми – вештачки изградените острови на приферијата од Персискиот залив, каде што се наоѓаат некои од најексклузивните хотели и вили во светот. Целиот концепт на оваа вештачка креација е навистина магичен.

13129949_695564763879761_2095710654_n

Тука се спојуваат традицијата и футуризмот. Самите облакодери се доказ за восхитувачката иновативност – од модерниот дизајн, преку имитацијата на старата архитектура, па се до раскошниот ентериер во разните локали што се доказ дека Дубаи е навистина понапреден од западниот свет во многу елементи.