Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветДубаи ја гради најглемата соларна електрана во светот

Дубаи ја гради најглемата соларна електрана во светот

Властите во Дубаи соопштија дека ќе изградат соларна електрана со капацитет од 1.000 мегавати до 2030 година, прецизирајќи дека тогаш околу 25 отсто од енергетските потреби на земјата ќе биде покривани од обновливите извори на енергија. Во првата фаза од изградбата на оваа соларна електрана, планирано е производство на 200 мегавати во април 2021 година.

„Овој проект ќе биде најголемата соларна електрана во светот“, изјави директорот на „DEWA“ Саид Ал Таер. Властите во Дубаи се во потрага по приватни компании кои ќе управуваат со оваа електрана и ќе продаваат електрична енергија на државните компании задолжени за дистрибуција на струја.