HomeДЕНЕШНАЕкономијаДубаи ја преживеа кризата на пазарот, се враќа довербата на инвеститорите

Дубаи ја преживеа кризата на пазарот, се враќа довербата на инвеститорите

dubai

Дуаби иако прерасна во гигант меѓу земјите од Голфскиот залив покажа дека не е имун на глобалните негативни политички и еконосмки влијанија, но и на моменти се чинеше дека води преамбициозни проекти кои не се исплатливи што доведе до голема криза во вредноста на недвижностите, а со тоа и општиот инвестициски циклус.

dubai

Сепак, сега Канцеларијата за недвижности од Дубаи открива дека најлошото за овој пустински бисер е поминато и дека пазарот се стабилизира со што се враќаат сериозни инвеститори и се прават скапи договори што одлично ќе се одрази и врз целокупната економија, а не само врз недвижностите.

Инвестициите во пазарот на недвижности на Дубаи и бизнис проширувањата опаднаа сосема очекувано по изгласувањето на Брегзит референдумот во Велика Британија и падот на вредноста на суровата нафта на светските берзи, но сега кога состојабата е појасна компаниите се подготвени да гледаат напред.

„Палма 360“ проектот за футуристички хотелски ресорт со вештачки островчиња ќе продолжи да се гради во 2017-та и се очекува да ги исполни целите поставени во бизнис планот што покажува дека се враќа довербата во исплатливоста на недвижниот луксузен имот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com