Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДС: Уште два дена до кулминација на кризата

ДС: Уште два дена до кулминација на кризата

Демократскиот сојуз смета дека парламентарно мнозинство треба во следните два дена да постигне компромис со ВМРО-ДПМНЕ со цел да се избере претседател на Парламентот, а потоа на мирен начин да се избере реформска Влада.

„Партиите од парламентарното мнозинство можат да се обидат во следните два дена да постигнат компромис со раководството на ВМРО-ДПМНЕ, со цел во понеделник да се избере претседател на Парламентот и со тоа да се создадат услови за избор на реформска Влада и мирен, демократски и државнички трансфер на власта“, велат од партијата.

Според ДС, ако ВМРО-ДПМНЕ не е за компромис тогаш парламентарното мнозинство на СДСМ, ДУИ, БЕСА и АЛИЈАНСАТА, мора да покаже цврстина и одлучност при изборот на претседател и при процесот на формирање на Влада.

Континуираната попустливост, сметаат во ДС, ќе биде злоупотребена од страна на ВМРО –ДПМНЕ, која преку медиумска манипулативна кампања ќе се настојува да ја продлабочи кризата и да спречи трансфер на власта.

„Геостратешките и регионалните процеси наметнуваат потреба од итно формирање на нова Влада и стабилизирање на состојбите, како прв чекор за нормализирање на животот и воспоставување на вредносен систем кој почива на владеење на правото во Република Македонија„ се вели во соопштението на ДС.