Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДржавниот инспекторат за труд потврди дека Атанасов директорува со Водовод без диплома

Државниот инспекторат за труд потврди дека Атанасов директорува со Водовод без диплома

„Сакаме да Ве известиме дека сега и Државниот инспекторат за труд ги потврди доказите кои претходно ги изнесовме дека Александар Атанасов директорува со Јавното претпријатие Водовод и канализација Скопје, без признаена диплома.

Државниот инспекторат за труд потврди дека за време на донесувањето одлука за избор на директор, Александар Атанасов немал доставено доказ за завршено образование признато во Република Македонија.Трудовиот инспекторат му укажува на градоначалникот Коце Трајановски да ја преиспита одлуката за избор на Александар Атанасов за директор на ЈП Водовод и канализација Скопје и, да назначи нов директор кој ќе ги исполнува условите.

Izvestuvanje-Drzaven-inspektorat-za-trud

СУТКОЗ на РМ уште еднаш укажува на огромната штета која несоодветното раководство ја предизвикува на Јавното претпријатие.

За потсетување, Атанасов без одлука од МВР го повлече оружјето од пумпните станици за питка вода со што ги стави во опасност и жителите на Скопје и вработените на тие места.Атанасов ги натера работниците да лажат дека според систематизацијата, операторот на пумпени станици на питки води, не носи оружје.

Бараме од градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски веднаш да постапи по Укажувањето од Државниот инспекторат за труд и веднаш да го разреши директорот со непризнаено образование.

Овие документи покажуваат дека според систематизацијата во Јавното претпријатие, операторот на пумпените станици за питка вода треба да има дозвола за оружје од надлежен орган, поради потребите на работното место“ се вели во соопштението на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Р. Македонија.