Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДржавната секретарка во МВР е нов директор на УЈП

Државната секретарка во МВР е нов директор на УЈП

Aнастасија Илиеска која досега ја вршеше функцијата државен секретар во Министерството за внатрешни работи, е нов директор на Управата за јавни приходи (УЈП), потврди Владата.

Таа доаѓа на местото на Петар Есмеров, кој на оваа фунција беше недела дена откако неговиот претходник Кирил Миноски беше назначен за министер за финансии.

Илиевска во екот на мигрантската криза беше активна на терен и со меѓународни претставници ги посетуваше бегалците на Табановце и во Гевгелија.

Илиевска дипломирала на Универзитетот „Св.Климент Охридски” во Битола , Економски факултет Прилеп генерација во 1992 година. Во својата кариера од 2001 до 2014 работела како самостоен даночен советник во УЈП. Во периодот од 2009 до 2014 била член на советот на Општина Прилеп.