Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСветДржави со најголеми резерви на нафта

Држави со најголеми резерви на нафта

Пред неколку дена Меѓународната заедница постигна договор со Иран поврзан со нуклеарната програма на оваа земја. Еден од ефектите за кои најчесто се разговара е и влијанието на овој договор со светската цена на нафтата. Имено, Иран е земјата со значително големи резерви на нафта, но сепак не е меѓу првите три.

На 10-то место според резервите на нафта се наоѓа Нигерија. Во оваа земја резервите на нафта изнесуваат 37,14 милијарди барели. На деветто место е Либија во која има 48,47 милијарди барели нафта, а пред неа е Русија со 80 милијарди барели нафта. Обединетите Арапски Емирати се на седмото место со 97,8 милијарди барели резерви, а Кувајт кој се наоѓа на шестото место има 104 милијарди барели нафта на чија експлоатација може да смета.

На петото место е Ирак (140,3 милијарди барели), a четвртти е Иран со резерви од 157,3 милијарди барели. На првите три места според резервите на нафта се Канада (173,2 милијарди барели), Саудиска Арабија (268,4 милијарди барели) и Венецуела која ги има најголемите резерви на „црното злато“ во светот, а кои изнесуваат 297,7 милијарди барели.